• понеделник, 19 јануари 2026

Нов лидер во трката за МВП во НБА лигата, Јокиќ падна на второто место

Нов лидер во трката за МВП во НБА лигата, Јокиќ падна на второто место

Њујорк, 17.јануари 2026 (МИА) – НБА лигата секој петок ја објавува новата листа за МВП наградата, а по неколку месеци доминација на Никола Јокиќ од Денвер, на лидерската позиција се појави името на Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити.

Актуелниот лидер во моментов е меѓу водечките стрелци на лигата, а добри карактеристики има и во дефанзивните статистички податоци. Има просек од 31,9 поени по натпревар; 4,5 скокови и 6,4 асистенции. Без проблеми постигнува по 30 поени, а неговиот тим Оклахома Сити е лидер на Западната конференција со скор 35-7 (победи-порази).

Јокиќ поради повреда на коленото три недели е надвор од теренот и беше очекувано да биде симнат од првата позиција. Јокиќ сезонава има 29,6 поени по натпревар; 12,2 скока и 11 асистенции.

На новата листа скок имаат Лука Дончиќ (трето место) и Виктор Вембањама (четврто место). мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан