• среда, 25 декември 2024

Нов златен медал за Симон Бајлс во Париз

Нов златен медал за Симон Бајлс во Париз

Париз, 3 август 2024 (МИА) - Американската гимнастичарка Симон Бајлс денскаповторно освои злато, овој пат во дисциплината прескок.

Таа во првата низа изведе потег наречен (по неа) „Бајлс II“ - најтешкиот скок преку „коњот“ според женските правила, кој беше доволен за 15.700 поени.

Следен потег беше „Ченг“ со свртување и половина во воздух. По вториот скок, просекот од 15.300 беше доволен за 142 сантиметри високата спортистка да го освои златниот медал, трет во таа боја на ова издание на Игрите.

Тоа беше 10. олимписки медал, а седми златен медал за 27-годишната Бајлс на овие игри. 

Среброто го освои Бразилката Ребека Андраде со 14.966, а бронзата ја освои Американката Џејд Кери со половина поен помалку од второто место. дс

Фото: Архива

Остани поврзан