Нов земјотрес во БиХ со јачина од 3,9 степени
- Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер синоќа ја потресе Босна и Херцеговина.
Сараево, 27 април 2022 (МИА) - Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер синоќа ја потресе Босна и Херцеговина.
Епицентарот на земјотресот, кој се случил нешто пред 23 часот, бил на 17 километри од Билеќа на длабочина од 2 километри.
Локалните жители велат дека земјотресот бил краткотраен и не многу силен.
Вакви последователни земјотреси се очекувани, со оглед на тоа што тлото се уште се смирува од силниот земјотрес што во петокот ја погоди земјата.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во повеќе градови во Херцеговина, како Билеќа, Требиње, Мостар, Столац, Чапљина, но и во соседна Хрватска, односно Дубровник.
Во земјотресот што во петокот ја погоди БиХ загина едно лице. паг/