• четврток, 26 декември 2024

Нов Зеланд прифати враќање на обвинетa за поврзаност со Исламска држава

Нов Зеланд прифати враќање на обвинетa за поврзаност со Исламска држава

Велингтон, 26 јули 2021 (МИА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска, на барање на турските власти, се согласи да одобри враќање на 26-годишна државјанка на Нов Зеланд со две деца, обвинета за поврзаност со Исламската држава.
- Мајката и нејзините две деца се во имиграциски притвор во Турција, откако на почетокот на оваа година беа фатени во обид да влезат од Сирија во Турција. Нов Зеланд не го направи овој чекор лесно. Ние ги зедовме предвид нашите меѓународни одговорности, како и деталите за овој конкретен случај, вклучувајќи го и фактот дека се вклучени деца, рече Ардерн по состанокот на кабинетот во Велингтон.
Уапсената жена имала државјанство на Нов Зеланд и Австралија, но нејзиното семејство се преселило во Австралија кога имала шест години и пораснала и живеела таму пред да замине во Сирија во 2014 година, со австралиски пасош.
Сепак, австралиската влада и го одзеде државјанството и подоцна одби да ја повлече нејзината одлука и покрај апелите на Нов Зеланд.
На почетокот на оваа година, Ардерн изјави дека одлуката на Австралија е погрешна и дека земјата се одрекува од своите одговорности со „еднострано“ откажување од државјанството.
- Австралија обезбеди гаранции дека ќе се консултира со Нов Зеланд во иднина доколку се појави сличен случај, рече премиерката Ардерн.
Детали за враќањето на жената и нејзините две деца нема да бидат соопштени од безбедносни причини. паг/
 

Остани поврзан