• четврток, 29 август 2024

Нов дом за семејство од Неготинско од хумани граѓани

Нов дом за семејство од Неготинско од хумани граѓани
Неготино, 22 ноември 2020 (МИА) -  Нов дом доби семејството Најдови од неготинско Долни Дисан од хумани граѓани. Хуманата акција ја иницира неготинецот Димитар Аврамов. - Хуманитарниот маратон „Неготино се буди” е серијал од хумани настани кои се случуваат шест години по ред. Целта е да се помогне на социјално загрозени семејства. Овојпат му помогнавме на семејство кое претходно живееше во несоодветни услови, а и покривот на старата куќа се урна, рече тој вечерва за МИА. Аврамов годинава доби општинско признание за својата хуманитарна работа. Рече дека и во иднина ќе продолжи со хуманите активност. Им се заблагодари на сите фирми и поединци кои помагаат во неговата мисија. Повика да помагаат сите што имаат можност за тоа. свд/дма/

Остани поврзан