• недела, 01 септември 2024

Нов детски парк на плоштадот „Цар Самоил“ во Ресен

Нов детски парк на плоштадот „Цар Самоил“ во Ресен

Ресен, 9 мај 2023 (МИА) - Општина Ресен промовира нов детски парк, инвестиран од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола.

Според градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, детскиот парк на плоштадот „Цар Самоил“ претставува прекрасна урбана содржина во центарот на градот наменета за како што рече детски парк за нашите најмили, место за рекреација, детска игра и дружење.

-Нема поубава глетка од насмеани и разиграни детски лица кои со своето присуство го разубавуваат и развеселуваат плоштадот, посочи Тозиевски.

Центарот за развој на пелагонискиот плански регион континуирано и во разни локални сфери ги поддржува проектите на Општина Ресен. мт/цр

Фото: Општина Ресен

 

Остани поврзан