• среда, 25 декември 2024

Нов демарш од Атина до Анкара

Нов демарш од Атина до Анкара
Атина, 11 ноември 2020 (МИА) – За новата навигациска информација (Навтекс) за сеизмички истражувања во Источниот Медитеран издадена од Турција, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, издал упатства за испраќање нов демарш до турската страна, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Новата Навтекс, за која грчката страна смета дека е нелегална, дека опфаќа дел од грчкиот континентален гребен, „го прекршува меѓународното морско право, поткопувајќи ги мирот и стабилноста во регионот“, е за периодот од 11 до 23 ноември. -Грција одново го осудува ова провокативно однесување, што уште повеќе оддалечува било каква перспектива за конструктивен дијалог и бара Турција веднаш да ја отповика нелегалната Навтекс, соопштуваат од грчкото МНР. Додаваат дека освен упатствата за демарш до Анкара, Дендиас дал упатства и за информирање на партнерите и сојузниците за „континуираното турско нелегално однесување“. Ова ќе биде трет демарш од Атина за Анкара во изминатиот месец и половина, поради издадените навигациски информации за сеизмички истражувања со бродот „Оруч Рејс“ во Источниот Медитеран. ср/  

Остани поврзан