Нов водоснабдителен систем во населеното место Негорци
- Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во придружба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го означи ставањето во функција на новиот водоснабдителен систем во населеното место Негорци кој бил приоритетно барање на ова населено место за време на последните локални избори.
Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во придружба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го означи ставањето во функција на новиот водоснабдителен систем во населеното место Негорци кој бил приоритетно барање на ова населено место за време на последните локални избори.
- Покрај овој проект, во изминатиов период, во изминатите 3 месеци на територијата на цела општина, и во градот и во населените места беа реализирани или во тек се повеќе проекти. Пред дваесетина дена завршивме и со изградбата на новиот цевковод за населеното место Прдејци, и овде имаме нов водоснабдителен систем, кажа во изјава за медиумите градоначалникот Сарамандов.
Тој информираше за завршените проекти досега и рече дека во наредниот период ќе се асфалтира и улицата „Кирил и Методиј“ во Гевгелија, улицата „Лазар Велков“ во Негорци и улица во Прдејци, а следната недела ќе продолжи со реконструкцијата на улици во Смоквица во Миравци и во Давидово.
- Исто така, пред три-четири дена завршивме и со изградбата на три детски игралишта во Богородица, во Негорци и во Прдејци, а завршивме и со партерното уредување пред црквата во Горничет, рече Сарамандов.
Мицкоски, пак, најави поддршка за финансирање проекти на општините што ќе значат поквалитетен живот на граѓаните.
- Тука за Гевгелија ќе бидат предвидени околу 3 и пол милиони евра годишно, а тоа се некаде околу 14 милиони евра за проекти кои што ќе бидат финансирани и инвестирани од страна на централниот буџет, плус проектите кои што ќе бидат реализирани од локалниот буџет за еден четири годишен мандат, изјави Мицкоски. сх/лв/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ