• среда, 25 декември 2024

Нов број на списанието „Дипломатски летопис“

Нов број на списанието „Дипломатски летопис“

Скопје, 3 март 2024 (МИА) - Во издание на Дипломатски клуб - Скопје излезе нов број на  „Дипломатски летопис“ - списание за дипломатијата, меѓународните односи и меѓународното право.

Во фокусот на новиот број се авторски текстови за најголемиот дипломатски настан во нашата држава - Министерскиот совет на ОБСЕ, за  очекувањата и достигнувањата  од иницијативата „Отворен Балкан“ и за одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на нашата држава со најзначајните земји во тогашната Европска економска заедница. 

-На 82 страници во „Летописот“ следуваат блоковите „Дипломатска историја“ со прилози на Денко Макески („Последниот говор“) и Драган Јањатов (за Хенри Кисинџер),  „Дипломатите писатели“ (Душан Поповски, Петре Наковски), како и блокот за најновите публикации на македонските дипломати, информира Дипломатскиот клуб - Скопје. хс/цр/

Фото: Дипломатски клуб - Скопје

 

Остани поврзан