• четврток, 26 декември 2024

Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“

Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“

Шангај, 16 април 2024 (МИА) - Компанијата „Блек шарк“ (Black Shark) го објави својот нов технолошки производ - „паметен прстен“ наречен „Блек шарк ринг“.

Инаку „Блек шарк“ како гејмерска подружница на „Шјаоми“, е во завршна фаза на развојот на новиот паметен уред којшто го најави со објавување неколку видеа на својот Веибо-профил. „Блек шарк ринг“ е претставен во сребрена, црна и црвена боја, а неговата дебелина е 2,2 мм. Тенка црна линија минува низ средишниот дел на прстенот и, во еден дел се проширува.

Според првичните податоци, прстенот има „Смарт тач“ технологија, а ќе може да ги следи здравствените параметри на корисникот - отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, или температурата на човековото тело.

Кога почнува продажбата и колку ќе чини прстенот - сѐ уште не се знае. Колку долго ќе трае батеријата на прстенот - не е познато, но неофицијалните податоци говорат дека неговото куќиште би обезбедувало работа до 180 дена.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан