Нов апарат за стрес-тест за пациентите на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид
- Станува збор за опрема обезбедена преку Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија - Охрид, набавка на опрема и дигитализација “, во вредност од 930 илјади денари.

Охрид, 18 март 2025 (МИА) – Специјализиранате болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан" во Охрид доби нов апарат за коронарен (ЕКГ) стрес-тест.
Станува збор за опрема обезбедена преку Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија - Охрид, набавка на опрема и дигитализација “, во вредност од 930 илјади денари.
Со новиот апарат ќе биде подобрена услугата за пациентите на кардиоваскуларниот центар во Охрид, со прецизна дијагностика, навремено откривање ризици и подобрен третман. Апаратурата овозможува прецизна евалуација на функцијата на срцето при физички напор, што е клучно за рано откривање на кардиоваскуларни заболувања.
Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка. аб/нд/
Фото: ЈЗПР