• четврток, 26 декември 2024

Ново рочиште за случајот „Друмарина“ закажано на 4 март (КРГ)

Ново рочиште за случајот „Друмарина“ закажано на 4 март (КРГ)
Скопје, 17 февруари 2021 (МИА) – Судењето за случајот „Друмарина“, во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра, продолжува на 4 март, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци од Обвинителството. Сведоците, во своите искази зборуваа за околностите под кои го дале станот под закуп на Александар Бонев. Сопругот на сопственичката на станот пред судот изјави дека го издал станот на  Александар Бонев, првично во период од 3,5 години, потоа заминал на една година на друго место, и повторно се вратил и престојувал уште 3,5 години. – За првпат се сретнав со Силвана Бонева кога дојдоа да го разгледаат станот. Меѓутоа, се гледавме и друг пат, понекогаш Александар Бонев доаѓаше сам, понекогаш со Бонева, а ме викаше и кога нешто ќе се расипе, па јас да го средам тоа со мајсторите, изјави сопственикот на станот. На денешното рочиште сведочеа и претставници од правното лице кое посредувало со зградата и становите спроти МВР. На прашање дали во некој момент ја сретнал Бонева во зградата, станот, подрумот и слично, претставникот на правното лице сведочеше дека ја препознал како јавна личност, еднаш, до два пати, меѓутоа не се сеќава на точниот период на случувањата. Судењето во овој случај го води судијата Марин Станевски, а обвинението е застапено од обвинител Артан Ајро. За следното рочиште, кое ќе се одржи на 4 март, предвидено е да сведочат едно вешто лице и тројца сведоци. ар/дма/

Остани поврзан