• среда, 25 декември 2024

Ново мултифункционално игралиште во дебрчкото село Злести

Ново мултифункционално игралиште во дебрчкото село Злести

Охрид, 2 јули 2024 (МИА) – Во селото Зелсти во атарот на Општината Дебрца завршени се градежните активности за уредување на централното селско подрачје, со изградба на модерен мултифункционален спортски полигон пред Селскиот дом.

Како што информираше градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, извршена е и санација на споменикот во центарот на селото.

-Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари, од кои 2.5 милиони ги обезбеди Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година, појасни Ногачески. аб/дма/

фото/Општина Дебрца

 

Остани поврзан