• сабота, 23 ноември 2024

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште

Делчево, 24 август 2023 (МИА) - Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена  болеста. 

- Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од   одгледувалиштето каде е потврдена  болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ.

Како што додадоа оттаму, се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување   за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи  во одгледувалиштата, не штетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре. 

- Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната задвижење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат воодобрена кланица за колење, велат од АХВ.

Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната   под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога се движат во одобрена кланица за колење. вс/цр

Фото:МИА

Остани поврзан