• вторник, 24 септември 2024

Новото шеталиште во Струга покриено со чадори во боја

Новото шеталиште во Струга покриено со чадори во боја
Струга, 3 јуни 2021 (МИА) – По примерот на западноевропските градови, екипи на јавното претпријатие „Комунално“ го украсија новото шеталиште во Струга со чадори во боја. Директорот на претпријатието Иќмет Ислами информира дека по теркот на западноевропските градови, 10 метри од шеталиштето се покриени со околу 600 чадори. Целта, според него, е граѓаните, кои го користат шеталиштето да се чувствуваат пријатно во естетска смисла, но и за заштита од сонцето. - Гледајќи ги другите градови во Европа одлучивме идејата да ја донесеме и во нашата убава Струга. Да направиме нешто убаво како што се украсуваат градовите во западноевропските земји, зошто да не е и кај нас, изјави Ислами за МИА. За реализација на проектот, ЈП „Комунално“ има инвестирано околу 120.000 денари. сс/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан