• сабота, 23 ноември 2024

Новоинфицирани шест лица од коронавирусот во Општина Дојран

Новоинфицирани шест лица од коронавирусот во Општина Дојран
Гевгелија,18 јули 2020 (МИА) - Шесте лица заразени со Ковид-19, кои во денешниот извештај на Министерството за здравство се прикажани во Гевгелија, потекнуваат од подрачјето на Општина Дојран кое се покрива преку ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија. Епидемиологот д-р Сашко Олумчев информираше дека покрај шестмината инфицирани од Ковид-19,во Општина Дојран во изолација се ставени уште 20 лица кои веќе имале контакти со заболените и дека состојбата будно се следи. Покрај Гевгелија и Дојран, ПЕ на Центарот за јавно здравје е задолжена за покривање и на Општина Богданци. им/вг/

Остани поврзан