• среда, 25 декември 2024

Новоизбран претседател на Малдиви: Ќе ја отстранам индиската армија од земјата

Новоизбран претседател на Малдиви: Ќе ја отстранам индиската армија од земјата

Мале, 3 октомври 2023 година (МИА) - Новоизбраниот претседател на Малдиви, Мохамед Муиз, изјави дека ќе ја отстрани индиската армија од неговата земја.

Најавата е сериозен удар за Индија во геополитичкото ривалство со Кина во Индискиот Океан.

Изборите одржани во саботата се претворија во своевиден референдум за тоа која регионална сила ќе има најголемо влијание во таа земја.

Основата на кампањата на Муиз беше спротивставување на наводната закана од Индија за суверенитетот на Малдивите, дел од повеќегодишната стратегија на неговата партија.

Актуелниот претседател Ибрахим Солих тврди дека присуството на индиската војска на Малдивите е определено со договор меѓу двете влади за изградба на бродоградилиште и дека нема да биде нарушен суверенитетот на земјата.

Малдивите имаат 1.200 корални острови, лоцирани во Индискиот Океан и се наоѓаат покрај главниот воден пат помеѓу Истокот и Западот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан