• недела, 17 ноември 2024

Новоизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски

Новоизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд. - Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември.  Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, информираат од Судот. Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години. Уставниот суд во соопштението апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за, како што е посочено, да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните. дма/нд/      

Остани поврзан