• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Новоизбраниот претседател на Иран повторно го назначи Мохамед Еслами за шеф на иранската нуклеарна програма

Новоизбраниот претседател на Иран повторно го назначи Мохамед Еслами за шеф на иранската нуклеарна програма

Техеран, 10 август 2024 (МИА) - Новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан повторно го назначи Мохамед Еслами за шеф на иранската нуклеарна програма, објавија ирански медиуми.

„Поради вашето драгоцено менаџерско искуство, ве назначувам за потпретседател и шеф на Организацијата за атомска енергија“, се вели во изјавата на претседателот Пезешкијан за неговото назначување пренесена од иранските државни медиуми.

Шеесет и седумгодишниот Мохамед Еслами ќе ја продолжи својата работа како шеф на иранската нуклеарна програма и ќе биде еден од неколкуте потпретседатели на земјата. Како што пренесуваат странските агенции, тој се школувал во САД и пред 16 години бил под санкции на ОН. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан