• сабота, 28 декември 2024

Новозеландската премиерка Ардерн позитивна на Ковид-19

Новозеландската премиерка Ардерн позитивна на Ковид-19
Велингтон, 14 мај 2022 (МИА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е позитивна на Ковид-19, со умерени симптоми и ќе биде во изолација дома седум дена, соопштија од нејзиниот кабинет. Ардерн веќе беше во изолација од минатата недела, кога нејзиниот партнер Кларк Гејфорд беше позитивен и требаше да продолжи со работа од понеделникот. Нов Зеланд воведе еден од најрестриктивните пристапи во светот за управување со епидемијата на Ковид-19 од нејзиниот почеток во 2020 година, а бројот на смртни случаи од болеста, 892, останува меѓу најниските во развиените земји. Сепак, бидејќи ограничувањата се олеснија во март и со „растот“ на Омикрон, позитивниот случај на Ардерн е меѓу повеќе од 50.000 регистрирани во текот на изминатата недела. паг/  

Остани поврзан