"Новогодишен базар" на ракотворби на корисниците од Дневниот центар за престој на стари лица Крива Паланка
- Рачно изработени новогодишни декорации, украси и плетени декорации креирани од корисниците од Дневен центар за престој на стари лица со активно стареење при Црвен Крст Крива Паланка, денес и утре ќе бидат изложени на штандот пред центарот на "Новогодишен базар".
Крива Паланка, 17 декември 2024 (МИА) - Рачно изработени новогодишни декорации, украси и плетени декорации креирани од корисниците од Дневен центар за престој на стари лица со активно стареење при Црвен Крст Крива Паланка, денес и утре ќе бидат изложени на штандот пред центарот на "Новогодишен базар".
Изработките се продаваат по симболична сума, а средствата ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за децата од руралните средини.
-Нашите корисници редовно имаат креативни работилници на кои активно го минуваат времето во дневниот центар. На последните наменски,тематско- новогодишни работилници беа изработени прекрасни декорации кои се изложени на базарот и граѓаните ќе можат да ги понесат во своите домови по симболична сума, а истовремено ќе можат да донираат пари и во поставените касички, додека сите собрани средства ќе бидат наменети за обезбедување новогодишни пакетчиња за децата од руралните средини. Од највозрасните жители со придонес за најмладите, правиме добри дела во духот на солидарноста и мисијата на Црвениот крст, информираат од Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка.
Следната недела организацијата ќе ја реализира последната крводарителска акција за оваа година, закажана за 24 декември, во просториите на ОО Црвен Крст. ид/сст/
Фото МИА