• среда, 25 декември 2024

Нови 987 смртни случаи во Франција

Нови 987 смртни случаи во Франција

Париз, 10 април 2020 (МИА) - Во последните 24 часа во Франција се регистрирани нови 987  смртни случаи, од кои 554 во болниците и 433 во старските домови, со што вкупниот број достигна 13.197 од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА.

Генералниот директор за здравство, Жером Саломон, ја даде дневната проценка на епидемијата во Франција, според кој има повеќе од 90.000 потврдени случаина заболени со короварисут.

Во моментот се хоспитализирани 31.267 лица, што претставува зголемување од 3.161 пациенти од минатата ноќ.

Во сериозна состојба на интензивна нега се наоѓаат 7.004 пациенти, од кои 98 се на возраст под 30 години.

Втор ден по ред билансот не е толку негативен и според здравствените власти „се чини дека започнува  платото на епидемијата“

- Ние мора да останеме потполно будни, рече Жером Саломон, според кој од 1 март повеќе од 25.000 луѓе ја напуштија болницата излечени.тг/сд/

Остани поврзан