• вторник, 24 декември 2024

Нови 906 случаи на Ковид-19 од 6006 тестирања, 26 починати и 343 оздравени пациенти

Нови 906 случаи на Ковид-19 од 6006 тестирања, 26 починати и 343 оздравени пациенти
Скопје, 1 септември 2021 (МИА) - Во последните 24 часа, од направени 6006 тестирања, регистрирани се 906 нови случаи на Ковид-19, починати се 26 лица и оздравени 343 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Од починатите 26, осум лица се од Скопје, шест од Тетово, Струга три, по две лица во Гостивар и Кичево, и по едно лице во Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово. Од новозаразените 906 лица, најмногу има во Скопје - 423, Тетово - 68, Куманово - 60, Гостивар - 51, Струмица - 39. Во моментов активни се 14.785 случаи. Најмногу во Скопје - 5802, Тетово - 2004, Гостивар - 1204 и Куманово - 922. Целата статистика на Министерството за здравство, можете да ја погледнете на следниот линк: http://iph.mk/wp-content/uploads/2021/09/31.8.pdf ир/са/  

Остани поврзан