• четврток, 19 декември 2024

Нови 466 случаи на Делта сојот во Грција

Нови 466 случаи на Делта сојот во Грција
Атина, 19 јули 2021 (МИА) – Во Грција се потврдени 466 нови случаи на Делта сојот од вкупно 760 мутации за периодот од 17 јуни до 12 јули 2021 година, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите мутации, освен Делта, 200 се Алфа, 93 се Бета, а еден е од Гама сојот. И покрај зголемениот број новозаразени со Делта сојот, сепак со 868 вкупни случаи се само 4,41 отсто од мутациите во земјата, а и понатаму доминантен е Алфа сојот со 76,04 отсто. Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.834 нови случаи на Ковид-19, а починаа осум лица. Во однос на процесот на имунизација во земјата, на денешната редовна прес конференција, генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус рече дека досега, прва доза од вакцината примиле 52 проценти од општото население, односно 61 отсто од полнолетните граѓани, а целосно се вакцинирани 44 проценти од општата, односно 52 отсто од полнолетната популација. ср/јт/

Остани поврзан