• недела, 24 ноември 2024

Нови 395 смртни случаи во Франција од Ковид-19 за последните 24 часа

Нови 395 смртни случаи во Франција од Ковид-19 за последните 24 часа

Париз, 19 април 2020 (МИА) – Вкупно 19.718 лица починале во Франција од Ковид-19 од почетокот на епидемијата, од кои 395 во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.

Според францускиот премиер Едуар Филип, иако ситуацијата се подобрува, земјата се уште не е излезена од кризата. Притоа тој нагласува дека мерките на ограничување функционираат и доведоа до намалување на приливот на болни во болниците.

-Ние живееме здравствена криза со голем интензитет. Ова не е прва епидемија со која се соочува Франција, но оваа епидемија е со таква амплитуда која досега била непозната во современата историја, изјави францускиот премиер на денешната конференција за печатот.

Според Филип, оваа здравствена криза ќе доведе до економска криза што почнува и ќе биде брутална.

Тој притоа соопшти дека девет милиони лица во Франција се наоѓаат во режим на делумна невработеност.тг/сд/

Остани поврзан