• недела, 24 ноември 2024

Нови 37 заболени, тројца починати и 21 излекуван од Ковид-19 во Косово

Нови 37 заболени, тројца починати и 21 излекуван од Ковид-19 во Косово
Приштина, 21 април 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се регистрирани 37 нови случаи на лица заразени од новиот коронавирус, како и тројца починати и 21 излекуван, јави дописникот на МИА од Приштина. Официјалните статистики, вклучително вчерашните податоци, говорат дека од појавата на епидемијата во Косово се регистрирани вкупно 598 заразени, од кои 15 починале, додека 123 се излекувани. Сите новозаразени, според синоќешниот извештај на ИШПК, се случаи на контакт со претходно потврдени носители на вирусот. Деветмина од новите заболени од Ковид-19 се од општина Липљан, осуммина од Пеќ, шестмина од Приштина, петмина од Призрен, четворица од Подујево, двајца од Зубин Поток и по еден од Штимле, Витина и Звечане. Трите нови жртви се од северно Косово, од нив двајца од Северна Митровица и еден од Лепосавиќ. Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 353 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 5.009. иа/ми/

Остани поврзан