• недела, 28 јули 2024

Нови 345 случаи на Ковид-19, осум починати и 289 оздравени

Нови 345 случаи на Ковид-19, осум починати и 289 оздравени
Скопје, 10 јануари 2021 (МИА) - Во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пацинети сите во болнички услови, информира Министерството за здравство. Од новите случаи на Ковид-19, 129 се во Скопје, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27,  Велес-9, Битола-18,  Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3. Починати се осум лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 37455, активни 10022 • Куманово 4886, активни 476 • Дебар 682, активни 136 • Штип 3379, активни 184 • Прилеп 4372, активни 384 • Тетово 4870, активни 698 • Струга 2094, активни 234 • Велес 2867, активни 390 • Битола 3112, активни 392 • Охрид 2566, активни 452 • Кавадарци 2286, активни 500 • Гостивар 3457, активни 433 • Гевгелија 1215, активни 216 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 2391, активни 438 • Крива Паланка 671, активни 104 • Радовиш 649, активни 73 • Крушево 173, активни 21 • Кочани 1652, активни 169 • Пробиштип 462, активни 34 • Демир Хисар 239, активни 29 • Македонски Брод 227, активни 13 • Пехчево 165, активни 22 • Берово 543, активни 68 • Валандово 318, активни 34 • Виница 463, активни 62 • Делчево 683, активни 204 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 201, активни 16 • Свети Николе 1050, активни 65 • Кичево 1613, активни 179 • Ресен 668, активни 114 • Неготино 1085, активни 257 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 2455 теста се преку: ИЈЗ-650, ЦЈЗ Скопје-54,  Авицена-425, Биотек-245, МАНУ -105,  Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -428, лабораторија Лаор –197, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-29, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -81, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на Ковид -19. вј/

Остани поврзан