• петок, 27 декември 2024

Нови 281 случај на Ковид-19, од кои 48 реинфекции, починале три лица

Нови 281 случај на Ковид-19, од кои 48 реинфекции, починале три лица
Скопје, 24 март 2022 (МИА) - Од направени 2.275 тестови, регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19 од кои најголем дел - 169 се од Скопје. Од вкупниот број позитивни регистрирани се 48 реинфекции. Оздравеле 285 пациенти, а починале три лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во Битола регистрирани се 24 позитивни на Ковид-19, во Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по осум, Кичево – шест, Струмица и Гевгелија – по пет, Тетово – четири, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по три, Неготино, Виница и Богданци – по два, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по еден позитивен случај. Од оздравените пациенти, 152 се од Скопје, во Прилеп – 37, Кавадарци – 21, Битола – 16, Куманово – 14, Гевгелија – седум, Ресен – шест, Велес – пет, Кичево и Гостивар – по четири, Тетово и Кочани – по три, Штип и Берово – по два, Охрид, Струмица, Неготино, Виница, Богданци, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по еден. Од трите починати лица, едно е од Битола на 63 години, едно лице од Охрид на 85 години и едно од Крива Паланка на 76 години. Сите се починати во болнички услови. Кај сите три лица се регистрирани коморбидитети. Направени се 2.275 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–200, Жан Митрев (Филип Втори)-47, Авицена-50, Биотек-59, Систина-42, лабораторија Лаор-49, Синлаб-12, Ремедика-13, Плодност-12, Генеа-26, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 976. Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964. Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје активни на Ковид-19 се 1.132 пациенти, во Куманово - 70, Битола - 148, Прилеп - 103, Тетово - 42, Кавадарци - 82, Велес - 26, Гостивар - 15, Охрид - 82, Струмица - 26, Штип - 19, Кичево - 40, Кочани - 20, Струга - 10, Гевгелија - 26, Неготино - 12, Ресен - 13, Свети Николе - двајца, Радовиш - 12, Крива Паланка - пет, Делчево - 14, Дебар - осум, Берово - двајца, Валандово - пет, Виница - 11, Пробиштип - тројца, Богданци - 10, Кратово - осум, Крушево - шест, Демир Хисар - пет, Македонски Брод - еден, Демир Капија - тројца, Македонска Каменица - тројца, а во Пехчево и Дојран нема активни случаи. мс/лв/

Остани поврзан