Нови 109 заразени со КОВИД-19, активни на вирусот се 582
- Сто и девет нови КОВИД-случаи од 1062 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Оздравени се 91 пациент, нема пријавено починати лица, соопшти Министерството за здравство согла
Скопје, 27 мај 2022 (МИА) - Сто и девет нови КОВИД-случаи од 1062 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Оздравени се 91 пациент, нема пријавено починати лица, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, 77 се во Скопје, 14 во Битола, шест во Охрид, три во Прилеп, по два нови случаја во Штип и Берово и по еден во Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница. Од вкупниот број позитивни, 14 се реинфекции.
Од 91 оздравен, 67 се во Скопје, 10 во Битола, тројца во Прилеп, двајца оздравени во Кавадарци и по еден во Охрид, Штип, Куманово, Кочани, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Дебар.
Од почетокот на епидемијата во земјава вкупниот број КОВИД-дијагностицирани е 311 701 од направени 2 051 008 тестирања. Оздравеле 301 819, пациенти, починале 9300, а активни случаи има 582.
Вкупен број на заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 146 750, Активни 394
Куманово 16 674, Активни 8
Битола 15 641, Активни 57
Прилеп 14 207, Активни 10
Тетово 13 476, Активни 7
Кавадарци 10 682, Активни 7
Велес 9789, Активни 6
Гостивар 9607, Активни 4
Охрид 8911, Активни 23
Струмица 8072, Активни 1
Штип 8060, Активни 21
Кичево 5649, Активни 9
Кочани 5090, Активни 0
Струга 4725, Активни 1
Гевгелија 4420, Активни 2
Неготино 3690, Активни 3
Ресен 2749, Активни 10
Свети Николе 2632, Активни 4
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 0
Делчево 1985, Активни 1
Берово 1681, Активни 7
Дебар 1677, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1394, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
хс/дма/