• среда, 25 декември 2024

Нови 1.424 случаи на Ковид-19, 1.083 оздравени и 15 починати

Нови 1.424 случаи на Ковид-19, 1.083 оздравени и 15 починати
Скопје, 23 јануари 2022 (МИА) - Од направени 5.604 тестови, регистрирани се 1.424 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број позитивни се регистрирани 214 реинфекции. Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 1.083 оздравени пациенти и 15 починати. Новите случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – осум, Виница – седум, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по пет, Делчево, Берово и Демир Хисар – по три, Кратово и Демир Капија – по два, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по еден. Оздравените пациенти се од: Скопје – 496, Битола - 122, Куманово – 67, Прилеп – 56, Кавадарци – 39, Кичево – 32, Велес – 31, Ресен – 30, Охрид – 29, Штип – 28, Гостивар – 21, Радовиш – 20, Неготино – 18, Кочани – 17, Гевгелија – 15, Берово – 11, Свети Николе – 10, Струга – седум, Богданци и Демир Хисар – по шест, Пробиштип – пет, Виница – четири, Крива Паланка, Македонски Брод и Кратово – по три, Валандово – два, Дебар и Пехчево – по еден. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица. Шест починати лица се од Скопје на 69, 72, 77, 82, 89 и 90 години, по двајца починати од Велес на 43 и 69 години, Струмица на 65 и 66 години и Прилеп на 58 и 80-годишна возраст, и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови. - Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63 до 80 години. Пријавените се починати во период од 4 јануари 2022 до 20 јануари 2022 година. Од пријавените лица, три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани. Направени се 5.604 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–285, Жан Митрев (Филип Втори)-149, Авицена-177, Биотек-269, Систина-95, лабораторија Лаор-247, Синлаб-38, Ремедика-9, Плодност-108, Генеа-14, Никоб Лаб-592, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-46, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-37, Рапид Лаб–53, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–18, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.663. Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје - 11.123, во Куманово - 748, Прилеп - 863, Тетово - 487, Битола - 1619, Гостивар - 316, Кавадарци - 561, Велес - 384, Охрид - 642, Штип - 340, Струмица - 496, Кичево - 289, Кочани - 222, Струга - 240, Гевгелија - 357, Неготино - 212, Свети Николе - 117, Ресен - 230, Крива Паланка - 130, Радовиш - 179, Делчево - 150, Берово - 93, Дебар - 21, Валандово - 163, Виница - 46, Пробиштип - 46, Кратово - 61, Богданци - 78, Крушево - 141, Демир Хисар - 71, Македонски Брод - 39, Македонска Каменица - 45, Демир Капија - 21, Пехчево - 28, Дојран - 13. мс/бк/  

Остани поврзан