• среда, 25 декември 2024

Нови три случаи на голема кашлица во државата, вкупно 15 од почетокот на годинава

Нови три случаи на голема кашлица во државата, вкупно 15 од почетокот на годинава

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината.

Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, за МИА изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор на новинарски прашања, претходно денеска кажа дека ќе остави на професионалците да одлучуваат какви мерки ќе се преземат понатаму во врска со големата кашлица

- Не сум тој кој бара, јас се советувам со сите. На седницата на Комисијата за заразни болести ќе се разгледа каква е состојбата. Таму има врвни професионалци, јас сум невролог. Ќе оставам на професионалците кои се во таа комисија, да се одлучува како понатаму. Но, тоа што ветувам и досега што тврдев, состојбата е под контрола и ние ги надгледуваме сите состојби во здравството, не само за заразни болести. Веќе е месец февруари, ќе им дојде крај и на овие вируси и други состојби што го влошуваат здравјето на пациентите, рече Меџити, прашан дали утре ќе побара од Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија во Скопје.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, минатиот месец во изјава за МИА рече дека при крајот на февруари се очекува пик на грипот и други слични вируси. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан