• вторник, 24 декември 2024

Нови суспензии за руски атлетичари поради допинг

Нови суспензии за руски атлетичари поради допинг
  Лозана, 7 април 2021 (МИА) – Поранешните олимписки шампиони, руските атлетичари Андреј Силнов и Наталија Антјух се суспендирани на четири години поради допинг, соопшти денеска Судот за спортска арбитража (CAS) со седиште во Лозана. Силнов и Антјух беа обвинети за користење или обид за користење забранети супстанци или методи, а обвинувањата произлегоа од истрагата што Светската антидопинг агенција (WADA) ја отвори против Русија во 2016 година. Силнов го освои златниот медал во скок во вис со 2008 година на Игрите во Пекинг, додека Антјух победи на Игрите во Лондон во 2012 година во дисциплината 400 метри со пречки. Како што е соопштено, Силнов и Антјух ќе ги задржат сите освоени медали. Тие не се натпреваруваат од 2016 година, а Силнов беше потпретседател на Атлетската федерација на Русија до 2019 година кога поднесе оставка поради истрагата на судот во Лозана. Осумгодишна суспензија доби носителката на сребрениот медал од Светското првенство во сала во 2006 година на 1.500 метри Елена Соболева, додека четиригодишна казна и е изречена на руската атлетичарка во фрлање кладиво Оксана Кондратева, која е дисквалификувана од петтото место на Светското првенство во 2013 гофина.ег/

Остани поврзан