• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нови спортски терени во ООУ „Д-р Трифун Пановски“-Битола

Нови спортски терени во ООУ „Д-р Трифун Пановски“-Битола

Битола, 24 февруари 2025 (МИА) - Учениците и наставниот кадар во општинското основно училиште „Д-р Трифун Пановски“-Битола, наскоро ќе добијат нови спортски терени, инвестиција во рамки на планираните активности за реконструкција на девет спортски игралишта и терени во битолските училишта.

За време на денешната посета на секретарот на Општина Битола Борче Димитровски и дел од општинската администрација во основното училиште „Д-р Трифун Пановски“ беа промовирани идејните решенија и позициите на реконструкција на игралиштата во дворот на објектот.

-Со проектот предвидени се фудбалско и ракометно игралиште, кошаркарско игралиште и фитнес зона. Со овој проект локалната самоуправа дава поддршка и поттикнување на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај учениците и младите. Покрај реконструкцијата со нова асфалтна површина, предвидено е поставување на нова соодветна комплетна спортска опрема, кошеви со конструкција, табла, обрач и мрежа за кош, стативи за голови, нови мрежи за голови, со соодветно бележење, истакна Димитровски.

Според директорката на училиштето Лилјана Николовска оваа реконструкција е многу значајна за учениците, за изведувањето на наставата по физичко образование, како и за севкупното спортско рекреирање на децата.

-Спортските терени ќе бидат надополнети со соодветна урбана опрема и осветлување, истакна Николовска. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан