• сабота, 06 декември 2025

Нови разговори ќе се одржат денеска меѓу украински и американски претставници во Мајами, вели украински функционер

Нови разговори ќе се одржат денеска меѓу украински и американски претставници во Мајами, вели украински функционер

Киев, 5 декември 2025 (МИА) - Нови разговори ќе се одржат денеска меѓу украински и американски претставници во Мајами, Флорида, изјави официјален претставник од Киев.

-Претставниците на двете страни ќе разговараат за американскиот план за завршување на војната во Украина, додаде претставникот Олександр Бевц, кој е висок советник на украинското претседателство.

Веќе се одржани неколку рунди разговори за планот во различни формати. Тој беше презентиран и во Москва, каде што претходно оваа недела беше американскиот претставник Стив Виткоф.

Извор запознаен со ова прашање изјави дека претставникот на Трамп, Виткоф, вчера се сретнал со главниот преговарач на Украина Рустем Умеров во Флорида и дека денеска ќе има уште една средба меѓу нив.

Сè уште не е јасно дали зетот на Трамп, Џаред Кушнер, бил присутен на разговорите. Тој исто така беше во Москва со Виткоф за средбата со Путин претходно оваа недела. мс/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан