• недела, 24 ноември 2024

Нови работни машини, механизација и возила за јавните претпријатија од Куманово

Нови работни машини, механизација и возила за јавните претпријатија од Куманово
Куманово, 26 ноември 2022 (МИА) - Дванаесет работни машини, камиони, специјализирани возила добија јавните претпријатија од Куманово „Чистота и Зеленило“, „Водовод“, „Куманово-Гас“ и „Куманово Паркинг“. Денеска локалната власт ги промовираше пред јавноста, камиони за зимско одржување и за чистење на речни корита, за диви депонии, три ровокопачи, механизација. -Значително ќе се зголеми капацитетот на претпријатијата, Куманово ќе има една од најдобриte опреми и ќе биде класифицирана како општина која поседува  ваков тип современа опрема. Аплициравме на тој проект пред три години преку Светска банка, менаџирана преку Министерство за финансии, долгорочно задолжување, помина јавна дебата на седница на советот. Покрај овие средства добиваме и грант од 20 проценти со кои дополнително ќе биде набавена опрема, изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Тој се заблагодари на тимот кој го реализираше проектот и јавните претпријатија и на Светска банка. Со грантот се планира обезбедување возило цистерна и возило за собирање на смет од полуподзмени контејнери. -Кредитот е за враќање од десет години со грејс период од три години, како финансиска стабилна општина ќе се обидеме да го вратиме кредитот до завршувањето на мандатот. Не би сакал да оставам обврски на следни, изјави Димитриевски. Тој посочи дека со дел од механизацијата значително ќе се намалат средствата кои општината ги одвојува за зимско одржување, но дека опремата не е доволна за целосно одржување на најголемата општина во државата. Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Даниел Стојчевски рече дека трите возила и ровокопачот, трактор, возило со корпа, лете ќе се користат за чистење депонии и речни корита, во зимскиот период за чистење на снег, за примарната дејност на претпријатието, изнесување, собирање отпад. Тој се надева на овие возила ќе ја зголемат профитот на претпријатието и ќе го зголемат квалитетот на услугите кои претпријатието ги дава кон граѓаните. И директорот на ЈП „Куманово Паркинг“, Сашо Петрушевски, смета дека со добиеното возило „пајак“ ќе се зголеми ефективноста при расчистувањето на метежот и ќе се зголеми рентабилноста на претпријатието. Работните машини се дел од под-заем со Министерство за финансии, во рамките на средствата обезбедени со проектот подобрување на општинските услуги финансиски поддржан со заем од Светска банка, во висина 63 милиони 754 илјади 712 денари, со цел финансирање на капитален проект, односно набавка на 12 возила за четири јавни претпријатија. Општина Куманово обезбеди и грант средства преку долгорочно задолжување преку Светска банка со кои ќе набави опрема за одржување, складирање, транспорт и изнесување на смет, донесоа одлука советниците на седница на советот на општина Куманово во декември, 2021. Средствата, во износ од 16 милиони 961 илјада 085 денари, (275.790 евра) појаснија надлежните од секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, се обезбедени во рамки на проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) финансиран со заем на Меѓународна банка за обнова и развој (Светска Банка) како резултат на успешно реализиран потпроект.ам/свс/

Остани поврзан