• сабота, 23 ноември 2024

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување 

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување 

Брисел, 2 јануари 2024 (МИА) - Во Европската Унија стапија во сила нови правила за спречување на измами со данокот на додадена вредност (ДДВ), како и за воведување минимална стапка на ефективно оданочување од 15 отсто за мултинационалните компании активни во земјите членки на ЕУ. 

Новите правила за транспарентност при плаќањето на даноци од страна на компаниите треба да им овозможат на даночните управи на земјите членки на ЕУ полесно да откриваат измами со ДДВ, со посебен фокус на даночното затајување во електронската трговија. 

Според анализите на ЕУ, при онлајн продажби на стоки и услуги од една во друга земја има случаи тие воопшто да на се регистрираат за плаќање на ДДВ или пак се пријавува помала вредност од реалната трансакција, па затоа со новите правила се воведува систем во кој клучна улога ќе играат давателите на платежни услуги, како што се банките, поштите, компаниите за дебитни и кредитни картички и институциите за електронски пари, преку кои се остварува над 90 отсто од е-трговијата во Унијата. 

Согласно новите правила, како што јави дописникот на МИА од Брисел, давателите на платежни услуги ќе треба да ги следат електронските прекугранични трансакции и да доставуваат извештаи за нив на квартално ниво до даночните управи. Овие податоци ќе бидат обработувани во новата централизирана база наречена Централен електронски систем на информации за плаќања (ЦЕСОП), каде тие ќе бидат собирани, складирани и вкрстено анализирани. 

Македонските граѓани минатата година потрошиле 169,2 милиони евра на онлајн купување што претставува пораст од 26,5 проценти во споредба со 2018 година, објави денеска Асоцијацијата за е-трго

Добиените информации од анализата на податоци ќе им бидат достапни на управите на земјите членки преку Мрежата за борба против даночни измами (Еурофиск), што треба да им овозможи полесно идентификување на неусогласеност на ДДВ обврските на онлајн трговците, вклучително и на оние кои не се лоцирани во ЕУ. 

Дополнително, службениците за врска на Еурофиск добиваат овластувања да преземаат соодветни активности на национално ниво, како што е доставување барања за информации, ревизии или одземање на даночни броевите, што врз основа на искуството во некои земји се очекува да има видлив ефект во справувањето со измамите во секторот за е-трговија. 

Според еврокомесарот за економија Паоло Џентилони, овие правила ќе играат клучна улога во борбата против затајувањето ДДВ, од кое земјите на ЕУ годишно губат милијарди евра приходи. 

- Со користење на информациите добиени од давателите на платежни услуги, експертите за борба против даночни измами во земјите членки ќе можат полесно и попрецизно да ги лоцираат и да ги спречат измамничките однесувања во секторот за е-трговија, посочи Џентилони. 

Се надевам дека земјите членки на ЕУ ќе постигнат договор за почнување на приспатпните преговори со Северна Македонија, истакна Џентилони.

Во однос на новите правила за воведување минимална даночна стапка за корпорациите, Џентилони оцени дека тоа претставува „нова зора за оданочување на големите мултинационални компании“ и означува „голем чекор кон поправеден корпоративен даночен систем“.  

- Со намалување на поттикот бизнисите да ја префрлат добивката на територии со ниски даноци, новите правила ќе помогнат да се спречи т.н. „трка до дното“ на даночните корпоративни стапки и во ЕУ и на глобално ниво, истакна Џентилони. 

Тој воедно ги повика сите страни потписнички на Глобалниот договор за даноци што поскоро да ги започнат преговорите за прифаќање на „оваа клучна реформа“, која, според него, има потенцијал да генерира дополнителен годишен приход од 220 милијарди долари, кои би можеле да се користат за финансирање на стратешки инвестиции и за обезбедување висококвалитетни јавни услуги. 

Воведувањето минимална стапка на ефективно оданочување од 15 отсто за мултинационалните компании се очекува да придонесе за поголема правичност и стабилност на даночната клима во ЕУ, но и на глобално ниво, во денешниот глобализиран дигитален свет.  

„Даночна постапка и правни лекови за заштита на правата на даночните обврзници со посебен акцент на правните лица“ и „Финансиски и даночни импликации на КОВИД-19 кризата и препораки за нејзин

Како што посочи ЕУ, со стапувањето во сила на правилата за минимално ефективно оданочување, едногласно договорени од страна на земјите членки на ЕУ во 2022 година, се формализира спроведувањето на дел од Глобалниот договор за меѓународна даночна реформа од 2021 година. 

Глобалниот договор за меѓународна даночна реформа, кој досега е потпишан од страна на речиси 140 земји и територии, има за цел да ја ограничи битката за намалување на стапките на корпоративниот данок на доход, со што би спречило одлевање на капиталот во т.н. „даночни раеви“, од кои дел веќе најавија воведување на даночна стапка за корпорациите на утврденото ниво од 15 отсто. 

Овие правила се однесуваат за мултинационалните корпорации и големите европски групации и компании кои годишно остваруваат финансиски приходи од над 750 милиони евра . Со стапувањето во сила на овие правила во ЕУ, тие ќе се однесуваат на сите големи европски или мултинационални групации, чија матична компанија се наоѓа во земја членка на Унијата, како на оние корпорации кои имаат филијали или подружници со седишта на територијата на блокот. 

Директивата вклучува заеднички сет на правила за тоа како да се пресметува и применува „дополнителен данок“ во земјите членки каде ефективната корпоративна даночна стапка е под 15 отсто. Дополнително, со правилата се овозможува и оданочување во ситуации кога седиштето на матичната компанија се наоѓа надвор од ЕУ во земја или територија со ниски даноци, што не ги применува правилата од Глобалниот договор. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан