• петок, 27 декември 2024

Нови правила во дарувањето крв за лица кои се вакцинирани против Ковид-19

Нови правила во дарувањето крв за лица кои се вакцинирани против Ковид-19
Делчево, 1 јули 2021 (МИА) - Трансфузиологот Милан Поповски од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје на денешната крводарителска акција во Делчево информираше дека лицата кои се вакцинирани против Ковид-19 нема да бидат во можност доброволно да даруваат крв веднаш по примањето на втората доза вакцина. Појасни дека поради новите правила, крв најрано може да се дарува по истекот на седум дена од примената втора доза. - Периодот важи за вакцинираните со Фајзер, кои можат да даруваат една недела по примањето на втората доза од оваа вакцина, додека оние кои ги примиле вакцините Синофарм, Астра Зенека и  Спутник Б, периодот по кој може да даруваат крв после примената втора доза изнесува еден месец, истакна Поповски. Како дел од тимот на Институтот за трансфузиона медицина, што ја спроведе денешната крводарителската акција во Делчево, Поповски изрази задоволство од реализираната квота на крвни единици. - Во Делчево имаме 45 дарувања досега, што е повеќе од предвидената квота за оваа општина. Задоволен сум бидејки во рамки на акцијата имаше доста првократни дарители. Апелирам оние кои немаат дарувано крв, а имаат желба, да го сторат тоа што поскоро, да не се плашат, бидејки се работи за хуман чин од највисок ранг, додаде Поповски. Еден од хуманите граѓани кои денеска даруваа крв беше и делчевецот Кристијан Мирчевски, кој раката ја испружи по девети пат. - Досега без денешниот ден имам дадено осум пати крв. Учествувам во акциите секогаш кога сум во можност и порачувам сите кои се во можност да го сторат тоа, рече Мирчевски. Во знак на благодарност до редовните крводарители Општинската организација на Црвен крст Делчево во текот на изминатиот период организираше свеченост на која додели награди и признанија за повеќедетните крводарители од Делчево и Македонска Каменица. в.с/цр

Остани поврзан