• сабота, 23 ноември 2024

Нови паркови во населбата 11 Октомври во Кисела Вода

Нови паркови во населбата 11 Октомври во Кисела Вода

6 април 2024

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше во обиколка на парковите во населбата 11 Октомври Згради. Најпрво го посети новоизградениот парк на улицата “Пушкинова” кој се протега на површина од околу 1100 квадратни метри. Општина Кисела Вода тука постави детско игралиште со современи реквизити за игра и забава, повеќе реквизити за фитнес на отворено, урбана опрема и осветлување, а истите се опкружени со дрвца и парковско зеленило. Извршен беше и увид во паркот “Пушкин” кој исто така доби ново современо детско игралиште. Постоечките реквизити беа реновирани и дополнети со нови кои ја поттикнуваат детската имагинација и нудат повеќе можности за игра. И во овој парк е изградена фитнес зона која жителите ќе можат да ја користат за спортување и рекреација. Секако, и овде не изостана новата урбана опрема и зеленилото кое се очекува да привлече многу посетители во претстојните топли денови.

-Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредување на јавниот простор и квалитетот на живот на нашите граѓани од кои досега, само во овие две години на територија на општина Кисела Вода, произлегоа преку 15 паркови и спортско рекреативни центри. На оваа мапа додаваме уште две локации, првата е новиот парк лоциран на улицата “Пушкинова”, кој на 1100 метри квадратни нуди бројни содржини. Децата добија модерен простор за игра, а очекувам дека ќе го користат и рекреативците кои ќе можат да спортуваат на новопоставените фитнес справи. Инвестиравме и во паркот “Пушкин” кој е фреквентна локација посебно во пролетниот и летниот период. И тука изградивме детско игралиште, а постоечките реквизити ги освеживме, а исто така и тука ќе може да се спортува на отворено во новата фитнес зона. Во двата паркови поставивме нова урбана опрема, ги осветливме и се потрудивме преку нови дрвца и зеленило да креираме удобен амбиент за сите посетители-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Општина Кисела Вода  

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

 

Остани поврзан