• четврток, 26 декември 2024

Нови наоди под Колосеумот: животински коски, парички и „грицки“

Нови наоди под Колосеумот: животински коски, парички и „грицки“

Рим, 25 ноември 2022 (МИА) - Едногодишните истражувања околу одводот под Колосеумот открија коски од мечки и големи мачки, кои веројатно се користеле за борби и како плен во древната арена во Рим, велат археолозите.

Наодите вклучуваат и над 50 бронзени монети од доцно-римскиот период, како и сребреник од околу 170 година н.е. - во знак на сеќавање на 10-годишното владеење на императорот Марк Аврелиј. Во камениот амфитеатар стар околу 2.000 години, пронајдени се и семки од смокви, грозје, дињи, од маслинки и јаткасти плодови, што укажува на тоа - што грицкале гледачите при изведбите во рингот. Алфонсина Русо, директорка на Археолошкиот парк Колосеум, смета дека откритијата „го продлабочуваат нашето разбирање за искуството и навиките на оние кои доаѓале на ова место“ за време на спектаклите. Истражувањата што почнаа во јануари, вклучуваше расчистување на околу 70 метри одвод под Колосеумот. Се смета тоа дека ќе даде нова светлина врз Доцниот Рим и оти и натаму ќе привлекува туристи и љубопитни посетители.  си/сд/

Остани поврзан