• среда, 25 декември 2024

Нови мерки во Бразил заради контрола на миграцијата кон Северна Америка

Нови мерки во Бразил заради контрола на миграцијата кон Северна Америка

Бразилија, 22 август 2024 (МИА) - Од следната недела, Бразил ќе ги заостри правилата за влез без виза, соопшти вчера владата. Чекорот следува откако мигрантите сè почесто ја користат јужноамериканската земја како меѓустаница на патот кон САД и Канада.

Од понеделник, странските патници без бразилска виза, кои транзитираат низ Бразил на пат кон друга држава, мора да патуваат директно до својата дестинација или да се вратат во својата земја, соопшти бразилското Министерство за јавна безбедност.

Во Бразил се забележува пораст на странски патници, особено од Азија, кои слетуваат во земјата со наводен престој, само за да побараат азил додека се таму, информира министерството. Сега на овие патници без виза нема да им биде дозволено да останат во Бразил.

Според два извештаи на властите, овие мигранти сакаат да останат во Бразил, тврдејќи дека се прогонувани и загрозени во своите земји. Откако ќе добијат азил во Бразил, многумина од нив често патуваат на север по копно, насочувајќи се главно кон Соединетите Американски Држави или Канада, соопшти Министерството, повикувајќи се на полициски истраги. ссм/

фото: архива

Остани поврзан