• сабота, 21 декември 2024

Нови контејнери за селектирање отпад поставени на неколку локации во Македонска Каменица

Нови контејнери за селектирање отпад поставени на неколку локации во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 17 октомври 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица денес постави 20 нови контејнери за селектирање на отпад.

Во известувањето на градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски по  повод реализацијата на активноста се вели дека истата се реализира во насока на подобрување на животна средина и поттикнување на свесноста за селектирање на отпад, пред институциите во Македонска Каменица и на најфреквентните локации во централното градско подрачје.

Со поставувањето на контејнерите за селектиран отпад, каменичкиот градоначалник очекува дополнително да се помогне во процесот на рециклирање на истиот, со тоа што значително ќе се придонесе за зачувување на животната средина и во подобрувањето на квалитетот на живот во заедницата.

-Овие контејнери за селектиран отпад се обезбедени преку Проектот за зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина, спреведен преку Стратегијата за подигање на јавната свест за животната средина. Ве повикувам, сите да се вклучиме во оваа иницијатива. Заедно можеме да направиме значајна разлика во подобрувањето на животната средина!, истакна Атанасовски.

Проектот е финансиран од Европската унија и раководен од Европската агенција за реконструкција. вс/сст/

Фото: Општина Македонска Каменица

 

Остани поврзан