• среда, 25 декември 2024

Нови израелски напади врз Бејрут, либанскиот премиер Микати побара „светот да изврши притисок“ врз Израел

Нови израелски напади врз Бејрут, либанскиот премиер Микати побара „светот да изврши притисок“ врз Израел

Бејрут, 6 октомври 2024 (МИА) – Израелските одбранбени сили утринава повторно ги гаѓаа  јужните предградија на Бејрут во новата серија воздушни напади, а либанските медиуми пренесуваат дека вечерашните напади врз овие упоришта на Хезболах беа најголемите досега во војната.

Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска го повика „светот да изврши притисок“ врз Израел посериозно да се нафати со преговори за прекин на огнот.

Странските новинари во либанскиот главен град слушнале силна експлозија и забележале чад од јужните предградија.

Израелските воздухопловни сили веќе две недели ги бомбардираат овие предградија од кои жителите веќе си заминаа.

Дописникот на Би-Би-Си ги опиша нападите од синоќа како најголеми на главниот либански град од почетокот на засилените судири меѓу израелската армија и проирански Хезболах, кои меѓусебно си разменуваа оган преку границата од 8 октомври минатата година, следниот ден по почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.

Либанските медиуми јавуваат дека кон местото на нападот брзаат возила на брза помош.

Ал Џезрира пренесува дека во денешните израелски напади се погодени неколку квартови во јужните предградија на Бејрут и патот што води до меѓународниот аеродром.сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан