• петок, 27 декември 2024

Нови дијагностички методи во Центарот за јавно здравје во Охрид

Нови дијагностички методи во Центарот за јавно здравје во Охрид

Охрид, 15 април 2024 (МИА) – Центарот за јавно здравје од Охрид во неколку наврати воведе, и продолжува да воведува нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал, со цел  да се одговори на потребите на сите пациенти и лекари,  за  брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различни состојби.

Центарот обезбеди најсовремен инструмент со високософистицирана и сензитивна молекуларна технологија,   преку   детекција   на   генетски   материјал   (ДНК/РНК) од различни бактерии, вируси и нивни продукти, за релативно кратко време да се утврди присуство на патогени микроорганизми во примерок на фецес (измет) и назофарингеален брис (брис од нос).

Во моментов, во микробиолошките  лаборатории на Центарот за јавно здравје во Охрид, на располагање се тестови за детекција на микроорганизми прeдизвикувачи на гастроинтестинални (цревни) инфекции и труења со храна, на токсини на бактеријата Ентерохеморагична Еscherichia coli и тоа  Verotoxin 1 и 2, In>min, Haemolysin, EIEC/Shigella, EAggEC, Verotoxin 2fb, потоа за детекција на токсини на бактеријата Clostridium diKcile и тоа: toxin A и B, GDH, Binary toxinc. Уште во Центарот се вршианализa за утврдување присуство и диференцијација на различни типови Салмонела  2, како и за детекција/скрининг на  MRSA  (тип на бактерија-Метицилин резистентна стафилокока која е резистентна   на   многу   антибиотици, а е причинител на интрахоспитални   инфекции  што се исклучително тешки за лекување.

-На   овој   начин,   користејќи   високо   софистициран   инструмент   на   база   на   молекуларна технологија,   овозможуваме   на   лекарите   за   неполни   два   часа,   да   добијат   точни показатели   за правилно и навремено дијагностицирање на одредени здравствени состојби кај пациентите со цел ефикасен третман на истите, соопштуваат од Центарот за јавно здравје – Охрид. аб/дма/

фото/ЦЈЗ Охрид

Остани поврзан