• среда, 25 декември 2024

Нови директори на 10 јавни здравствени установи

Нови директори на 10 јавни здравствени установи

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Нови директори добија уште 10 јавни здравствени установи низ државава. Од Министерството за здравство информираат дека изминатите денови, министерот Арбен Таравари именувал нови в.д. директори на 10 јавни здравствени установи.

Нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје - Скопје е Муамет Демири. На штипската Клиничка болница - Владко Захариев. На Општата болница - Кичево е Маја Цветановска Трајковска, а на Општата болница - Струга е Владимир Бунчевски. На Општата болница со проширена дејност - Дебар е Севдије Коџа. На Здравствениот дом - Струга е Арбен Лабеништа.

Жан Лозановски е назначен за в.д. директор на Психијатриската болница - Демир Хисар, Херољинд Сакипи на Центарот за јавно здравје - Куманово, Благоја Китановски на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања - Отешево, а Башким Шабани на Универзитетската клиника за урологија. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан