• понеделник, 30 декември 2024

Нови борби во Картум, Судан и во јужен Дарфур

Нови борби во Картум, Судан и во јужен Дарфур

Картум, 14 август 2023 (МИА) - Борбите меѓу армијата и паравоените формации што траат речиси четири месеци во Судан продолжија денеска во различни делови на Картум и во регионот Дарфур, соопштија жителите на оваа сиромашна земја во источна Африка.

„Интензивни воздушни напади и силни експлозии“ одекнуваат низ главниот град на Судан, велат тие.

Во јужен Дарфур, жителите денеска повторно се разбудија „од звукот на артилериски оган и продолжија да бегаат од градот Нијала, кој беше нападнат од паравоени сили, изјавија очевидци за Франс прес, пренесува Бета.

„Околу 20.000 луѓе избегаа од насилството“ што ја зафати Нјала веќе неколку дена, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA), додавајќи дека испораката на помош била „спречена“.

Како што изјави еден лекар за АФП, „и покрај тешкотијата да се пристапи до болницата во Нијала поради бомбардирањето“, вчера биле примени 66 ранети, од кои шестмина починале. ссм/

Остани поврзан