• среда, 25 декември 2024

Нови болиди од 2026 во Формула 1

Нови болиди од 2026 во Формула 1

 

Лондон, 7 јуни 2024 (МИА) – Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави синоќа дека почнувајќи од 2026 година болидите во Формула 1 ќе бидат помали, поагилни и поеколошки.

Според новите правила кои стапуваат во сила од сезоната 2026, болидите ќе бидат полесни за 30 килограми од денешните, 10 сантиметри потесни и ќе имаат мотори со речиси 50-50 поделба помеѓу електричната енергија и моќноста на внатрешно согорување.

Воедно, новите болиди ќе користат целосно одржливи горива, пренесува Би-Би-Си.

Новите хибридни мотори, кои тројно ја зголемуваат количината на електрична енергија, привлекоа два нови производители во Формула 1 – Ауди и Форд, и ја убедија Хонда да ја промени својата одлука да го напушти натпреварувањето.

Заедно со Мерцедес, Ферари и Рено, како и новата компанија Ред Бул Павертрејнс, во 2026 година ќе има шест производители на мотори во Ф1. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан