• среда, 13 ноември 2024

Новите правила на ЕУ за емисии на штетни гасови засегаат поголем број сточарски фарми 

Новите правила на ЕУ за емисии на штетни гасови засегаат поголем број сточарски фарми 

Брисел, 6 август 2024 (МИА) – Измените на Регулативата на ЕУ за емисии на штетни гасови при производството, што стапија во сила во неделата, предвидуваат поголем опфат на сточарските фарми кои ќе мора да ги почитуваат правилата од ова законско решение од 2030 година, што се очекува да се одрази и врз нивната работа. 

Според анализите, фармите за одгледување на свињи и на живина ослободуваат околу 30 проценти од вкупните емисии на амонијак во ЕУ, па со новите правила се предвидени мерки за намалување на ова нивно штетно влијание. 

Одредбите за намалување на емисиите на штетни гасови со новите правила важат за сите свињарски фарми со најмалку 1.100 возрасни свињи или 700 маторици. Досега овие обврски важеа за фармите со над 2.000 свињи или 750 маторици. 

Екстензивните и фармите за органското производство на свињи, каде животните поголемиот дел од времето го минуваат на отворено, се ослободени од спроведување на овие мерки. 

null

Новите правила важат и за живинарските фарми со најмалку 40.000 кокошки, што се одгледуваат за месо, и со најмалку 21.400 несилки, кои се одгледуваат за добивање на јајца. 

Во првичниот предлог на Еврокомисијата, се предвидуваше и зајакнување на мерките за добиточните фарми, кои се одговорни за 50 проценти од емисиите на метан и 25 отсто од емисиите на амонијак во ЕУ, но по интервенција на Европскиот парламент овие одредби беа исклучени од конечната верзија на изменетата Регулатива. 

Сепак, како компромис беше договорено Еврокомисијата да ги следи состојбите со емисиите на штетни гасови од фармите за одгледување крави и да поднесе извештај до крајот на 2026 година. 

Новите правила предвидуваат и построги финансиски казни за прекршителите на мерките, кои за „сериозни прекршувања“ изнесуваат најмалку три отсто од вкупниот годишен промет на производствените субјекти, а се предвидува и можност за затворање на фармите кои не ги почитуваат одредбите. 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска во село Соколарци ќе посети објект во кој се сместени 96 високостелни јуници со висок генетски потенцијал, наб

Дополнително, со измените на регулативата се овозможува правото на луѓето да бараат „компензација за здравствени последици предизвикани од незаконско загадување“. 

Но, земјоделските здруженија и повеќето десничарски политички партии, кои во принцип се против регулативите од сферата за заштита на животната средина, сметаат дека во примената на новите правила за спречување на емисиите на штетни гасови не треба да важат исти стандарди и за фармите и за некои индустриски сектори, како што се на пример фабриките за производство на батерии или челичарниците. 

Од друга страна, ни екологистите не се целосно задоволни од новата регулатива, посочувајќи на одредбата од неа со која им се дозволува на земјите членки на ЕУ да применуваат „полесен регулаторен режим“ за земјоделците, што според нив во пракса би можело да резултира со неспроведување на утврдените мерки. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан