• недела, 24 ноември 2024

Новиот шеф на ОЈО ГОКК даде заклетва и ја презеде функцијата од Вилма Русковска

Новиот шеф на ОЈО ГОКК даде заклетва и ја презеде функцијата од Вилма Русковска
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители, а потоа во просториите на обвинителство ја презеде функцијата од Вилма Русковска. На примопредавањето на функцијата Абази и Русковска дискутирале за досегашната работа на обвинителството и работата која претстои. Ислам Абази доаѓа на местото на Русковска откако на непосредните избори на 7 ноември, кои беа организирани според новиот Закон за јавно обвинителство, освои 66 гласа или само два повеќе од скопскиот обвинител Ермон Незири. ар/аа/

Остани поврзан