• четврток, 26 декември 2024

Новиот филм на Бредли Купер, „Маестро“ доби седумминутен аплауз

Новиот филм на Бредли Купер, „Маестро“ доби седумминутен аплауз

Венеција, 5 септември 2023 (МИА) - Долгоочекуваниот филм „Маестро“ на Бредли Купер, во којшто тој глуми, го напиша и го режира, беше премиерно прикажан на Фестивалот во Венеција. Биографската драма за животот на познатиот композитор Леонард Бернштајн доби седумминутни овации на светската премиера во театарот „Сала гранде“.

Купер, кој го глуми Бернштајн и Кери Малиган во улогата на неговата сопруга Фелисија, не присуствуваа на настанот поради штрајкот на филмаџиите во САД. Но, се појавија трите деца на композиторот - Џејми, Александар и Нина Марија Фелисија Бернштајн. По проекцијата, тие со солзи во очите ги поздравија гледачите, и „диригирајќи“, се забавуваа.

Се чини, критиката предвидува „Маестро“ да биде еден од главните кандидати за „Оскар“ оваа година, според познавачите.

Приказната е за врската на Бернштајн со Фелисија - од додворувањето до бракот којшто, според трејлерот, „болно се свиткува под тежината на неговите хомосексуални врски“. Купер го напиша сценариото со Џош Сингер, а филмот го продуцираа Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Ова е втор филм во режија на Бредли Купер. Првиот беше прилично успешниот „Ѕвездата е родена“.  си/

Фото: Јутјуб.

Остани поврзан