• вторник, 24 декември 2024

Новиот претседател на Шри Ланка, Анура Кумара Дисанајака, положи заклетва

Новиот претседател на Шри Ланка, Анура Кумара Дисанајака, положи заклетва

Коломбо, 23 септември 2024 (МИА) - Новиот претседател на Шри Ланка, Анура Кумара Дисанајака, денеска положи заклетва во главниот град Коломбо, еден ден по прогласувањето на победата на изборите и две години по економската криза што ја принуди земјата на строги мерки на штедење.

Дисанајака, 55-годишниот лидер на левичарската партија положи заклетва пред претседателот на Врховниот суд, а церемонијата беше пренесувана на телевизија.

„Конечно се оствари сонот што го имавме... Подготвени сме заедно да ја испишеме историјата на Шри Ланка“, напиша синоќа Дисанајака на мрежата Х, по објавувањето на изборните резултати.

Економската криза го забрза падот на поранешниот претседател Готабаја Рајапакса, кој беше избркан од претседателската палата од демонстрантите кои беа гневни од инфлацијата и немаштијата.

Кинескиот претседател Си Џинпинг му порача на новиот претседател на Шри Ланка дека сака да ги зајакне врските меѓу двете земји.

Си рече дека придава големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Шри Ланка и дека е подготвен да работи со Дисанајака за зајакнување на меѓусебната политичка доверба, објави кинеската државна телевизија. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан